Бугарскиот јазик како мајчин го говорат околу 9 милиони луѓе кои главно живеат во Бугарија. Бугарскиот јазик е јужнословенски јазик и има граматички сличности со останатите јазици кои припаѓаат на истата јазична фамилија.
Бугарскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенските јазици и е службен јазик во Република Бугарија. Во бугарскиот јазик некогаш постоел опширен систем на деклинации. Старобугарскиот разликувал 7 падежи: номинатив, акузатив, датив, генитив, локатив, инструментал и вокатив. Деклинирањето почнало да исчезнува за време на среднобугарскиот јазик. Во современиот бугарски јазик именките не се деклинираат, освен некои остатоци од поранешниот систем кај заменките. Македонскиот и бугарскиот јазик се единствените од групата на словенските јазици кои со текот на развојот ги изгубиле падежните форми, а од нив останат е само вокативот. Исто така карактеристична особина на бугарскиот и македонскиот јазик е употребата на постпозитивен определен член, што ги разликува од другите словенски јазици. Во другите словенски јазици вакви не постојат.
Азбука
Современиот бугарски јазик го користи кириличното писмо. Биле користени неколку азбуки кои имале од 28 до 44 букви на почетокот и кон средината на век за време на обидите за стандардизирање на новобугарскиот книжевен јазик. Азбуката со 32 букви предложена од Марин Дринов била прифатена во 1878-1879 година. Буквите Јат (ѣ) и јус (Ѫ) станале непотребни поради гласовните промени низ времето затоа биле исфрлени во 1945 година. Сегашната бугарска азбука има 30 букви:
Големи букви (македонска азбука)А Б В Г Д Ѓ Е ЖЗ Ѕ И Ј К Л Љ МН Њ О П Р С Т ЌУ ФХ Ц Ч Џ Ш - - - - - Големи букви (бугарска азбука)А Б В Г Д - Е ЖЗ - И Й К Л - МН - О П Р С Т -У ФХ Ц Ч - Ш Щ Ъ - Ю Я Мали букви (македонска азбука)абвгдѓежзѕијклљмнњопрстќуф хцчџш - - - - - Мали букви (бугарска азбука)абвгд-ежз-ийкл-мн-опрст-уф хцч-ш щ ъ ь ю я
Во бугарската кирилица има некои букви, кои не постојат во македонската. Тие се изговараат: Й = ј: Той / Тоj; Щ = шт*: Щъркел (дијал. Щрък) / Штрк; Защо / Зошто; Ъ = [ ə ] , ('), [ ɤ ]: Ръж / ’Рж; Кръв / Крв ; Кървав / Крвав ь = j (по согласки и пред о): Бельо / Долна облека; (постои само мала буква „ь“) Ю = jу*: Юнак / Jунак; Я = ja*: Ябълка / Jаболко;
* jу(йу) секогаш се пишува ю, jа(йа) - я, шт - щ
Следниве букви не постојат во бугарската кирилица: Ѕ, Џ се пишуваат: „дз“, „дж“: Дженифър / Џенифер; Джам (тур. дијал.) / џам Ѓ се пишува напр. Гь: Гьон (тур.) / ѓон; Гюрултия* (диjал.) / ѓурултија ; Гюров* / Ѓуров Љ - напр. Ль: Кольо / Кољо; Любов* / љубов; Любляна* / Љубљана Њ - напр. Нь: Пеньо / Пењо; пеньоар / пењоар; Нютон* / Њутн; Ню* Йорк / Њујорк Ќ се пишува напр. Кь: - Кьорав (тур.) / ќор(ав); Кьоркютук* пиян (дијал.) / Пијан ќорќутук
Во бугарската азбука има шест самогласки. Тие се: а, ъ, о, у, е, и. Другите 24 букви (гласови) се согласки. Во бугарскиот јазик, поголемиот дел од зборовите се пишуваат како што и се изговараат, и поголемиот дел на буквите претставуваат еден глас. За разлика од другите балкански јазици, чиј фонетички принцип е претставен со поговорката „пишувај како што зборуваш, читај како што е напишано“, во бугарскиот јазик се појавуваат буквите щ, ю, я и гласовите дз и дж, и затоа, бугарскиот јазик не е фонетички јазик како другите балкански јазици.
Акцент
За разлика од македонскиот јазик, во бугарскиот нема општо правило за местото на акцентот:
детѐ врѐме ѐзеро полѐ бу̀ква
вода̀ Македо̀нец ра̀бота та̀тко, та̀ткото, та̀тковци, та̀тковците гра̀д, градовѐ
Акцентот обично не се пишува. Но во некои случаи тој може драстично да го промени значењето на зборот, тогаш акцентот се пишува:
па̀ра / пареа, но: пара̀ / пара (платежно средство) въ̀лна / волна, но: вълна̀ / бран чѐта / чета (вооружена група), но: чета̀ / читам
родѐн на 4 юли / роден на 4 јули, но: ро̀дна сестра / телесна сестра, ро̀ден (майчин) език / мајчин јазик ранѐн / ранет, но: ра̀нен / ран
Гласовни промени
Во бугарскиот правопис не постои правило за едначење по звучност, согласките секогаш се пишуваат удвоено: съсед / сосед - съседка / сосетка врабец / врабец - врабче / врапче сват / сват - сватба / свадба тежък / тежок - тежко / тешко смислен / смислен - безсмислен / бесмислен безсмъртен / бесмртен изсмърка / ишмрка изчезне / исчезне предчувствие / претчувство предприятие / претпријатие разсели / расели подсъзнание / потсвест
Еднакви согласки во непосреден допир се удвојуваат:
болест / болест - болестта / болеста радост / радост - радостта / радоста шест / шест - шестте / шесте беззвучен / безвучен
Редување на самогласките и согласките:
бъбрек / бубрег — бъбречен / бубрежен юнак / јунак - юнаци / јунаци ръка / рака - ръце / раце роди / роди - ражда / раѓа избере / избере - избира / избира белег / белег - белези / белези гние / гние - гной / гној плати / плати - плаща / плаќа
Испуштање на самогласките и согласките:
петел / петел - петли / петли тесен / тесен - тясно / тесно ден / ден - дни / дни котел / котел - котли / котли потомък / потомок - потомци / потомци добър / добар - добри / добри; нокът / нок(о)т - нокти / нокти
Именки
Именките се менливи зборови со кои се означуваат суштества, предмети, појави и поими. По традиција, именките се делат на општи и сопствени. Секоја именка во бугарскиот јазик има род (машки, среден или женски) и број (еднина или множина). Во современиот бугарски јазик именките не се деклинираат, освен некои остатоци од поранешниот падежен систем кај заменките. Значењата кои другите јазици ги искажуваат со деклинација (падеж), во бугарскиот се искажуваат преку предлози.
Определеност
мини|Членувањето во европските јазици
Членот служи да ја означи именката како позната. Членот во бугарскиот јазик е постпозитивен, т.е. доаѓа како наставка на именката. Членовите во бугарскиот јазик се само определени. Нечленуваните именки се неопределени.
Повеќето словенски јазици немаат членови и не разликуваат, на пример, татко од таткото; истиот збор значи и едното и другото. Определениот член има број и род.
Основната разлика меѓу бугарскиот и македонскиот јазик постои во машки род, еднина:
машки род еднина машки родмножина женски родеднина женски родмножина среден родеднинасреден родмножинаопределеност (бугарски)- а (-ът); - я (- ят) - те - та - те - то - таопределеност (македонски)- от - те - та - те - то - та
-ът, -ят: се нарекуваат „Пълен член“ / „полн член“ и се користат ако именката е подмет. -а,-я: се нарекуваат „Непълен (кратък) член“ / „краток член“ и се користат ако именката не е подмет. Стандардниот бугарски јазик нема членови за укажување на блиски/пооддалечени предмети (-он, -ов, ...). Но, во некои бугарски дијалекти постојат вакви членови.
Мъж - Мъжа (Предмет) - Мъжът (Подмет) / Маж(-от) Мъже - Мъжете Ден - Деня - Денят / Ден(-от) Дни - Дните Жена - Жената / Жена(-та) Жени - Жените Дете - Детето / Дете(-то) Деца - Децата
Аз видях човека. / Јас го видов човекот. Човекът ме видя. / Човекот ме виде. Аз видях жената. Жената ме видя. Буквите от азбуката ... Но: Малките букви от азбуката ...
Род
Секоја именка во бугарскиот јазик има род: машки (завршуваат на согласка), среден (-о,-е) или женски (-а,-я). Граматичкиот род на именките не секогаш одговара со природниот род на именката. Така на пример, во бугарскиот јазик зборот 'съдия' е именка од женски граматички род, но од машки природен род.
Машки род: стол(-а,-ът) / стол(-от) хляб(-а,-ът) / леб ден(-я,-ят) / ден слуга(-та) / слуга съдия(-та) / судија баща(-та) (татко(-то)) / татко дядо(-то) / дедо син(-а, -ът) / син
Женски род: жена(-та) / жена нощ(-та) / ноќ лисица / лисица кукувица / кукавица
Среден род: село(-то) / село вретено / вретено поле / поле лице / лице лозе / лозје езеро / езеро
Број
Во бугарскиот јазик се разликуваат еднината и множината.
еднина Македонец / Македонец гражданин / граѓанин селянин / селанец мъж / маж брат / брат ден / ден хляб / леб рамо / рамо око / око ухо / уво небе / небо чудо / чудо камък / камен син / син дъщеря(щерка) / ќерка кон / коњ
множина
Македонци / Македонци граждани / граѓани селяни / селани мъже / мажи братя / браќа дни / дни, денови хлябове(хляба) / лебови рамене / рамена очи / очи уши / уши небеса / / чудеса / чуда камъни / камења синове / синови дъщери(щерки) / ќерки коне / коњи
Падеж
мини|Број падежи во употреба во европските јазици. Сивото е дека нема падежи во јазикот.
Во бугарскиот јазик не постојат падежи. Значењата кои другите јазици ги искажуваат со деклинација (падеж), во бугарскиот се искажуваат преку предлози. Некои примери се дадени подолу:
Бугарски Македонски Српски Съществителни от мъжки род (предлог) Именки од машки род (предлог) Именице мушког рода (падеж: генитив) ... уча сръбски всеки ден ... учам српски секоj ден ... учим српски сваког дана (падеж: генитив) Всеки ден не е Великден. Не е секоj ден Велигден. Није сваки дан Ускрс (Великден). (падеж: номинатив) Беше само въпрос на време. Беше само прашање на време. Било је само питање времена (падеж: генитив) Консумира се с лъжица. Конзумира се со лажица. Конзумира се кашиком. (падеж: инструментал) Уикипедия, свободната енциклопедия. Добре дошли в Уикипедия, свободната енциклопедия, която всеки може да редактира. От Уикипедия, свободната енциклопедия. Википедиjа, слободна(та) енциклопедиjа. Добре дојдовте на Википедија, слободната енциклопедија што може секој да ја уредува. Од Википедија, слободната енциклопедија. Википедиjа, слободна енциклопедиjа. Добро дошли на Википедију, слободну енциклопедију коју свако може да уређује. С Википедије, слободне енциклопедије
Сè уште се користи вокативот (не се смета за падеж, туку за падежен остаток): Боже мой! Господи! Иване! Сине! Димитре! Марийо! (ном.: Мария)
Други падежни остатоци Андрейчин, Л., Петя Асенова и др. Граматика на съвременния български книжовен език. Том II. Морфология. С., 1983, Издателство на БАН. , https://bg.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%B6%D0%B8_%D0%B8_%D0%BF%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%B6%D0%BD%D0%B8_%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%82%D1%8A%D1%86%D0%B8_%D0%B2_%D0%B1%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%8F_%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D0%BA , https://en.wiktionary.org/wiki/%D1%81%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC , https://ibl.bas.bg/lib/ber_6/#page/266/mode/1up Račeva M., Todorov T., editor (2002), “сбогом”, in Български етимологичен речник [Bulgarian Etymological Dictionary] (in Bulgarian), volume 6, Sofia: Bulgarian Academy of Sciences, page 529: съвсем ( старословенски: съ вьсѣмь) / сосема (инструментал) сбогом ( старословенски: съ Богомь) / збогум (инструментал) духом, чудом, денем, посредством (инструментал) горе, зиме, лете (локатив) снощи / синоќа, довечера / вечерва (акузатив)
Образување на именките
За образувањето на именките во бугарскиот јазик постојат неколку начини, меѓу кои: бессуфиксен, суфиксен, префиксен. Именките најчесто се образуваат со суфикси. Наставките може да се додадат на именки, глаголи, придавки и броеви.
Образување на именките:
од глаголи: -ец: борец/борец, ловец/ ловец, стрелец/стрелец; -ик, -ник: галеник/галеник, затворник/затвореник, историк/историчар, побойник/тепач; -тел: родител/родител, учител/учител, приятел/пријател, писател/писател; -не,-ние: викане/викање, ходене/одење, стоене/стоење, състояние/состојба, представление/приредба, хвалене/фалење; (глаголска именка) -ба: молба/молба, хвалба/пофалба(фалење), сватба/свадба; -ач: купувач/купувач, водач/водач, минувач/минувач; -еж: грабеж/грабеж, палеж/палеж, гърмеж/грмеж, метеж/метеж, градеж/изградба; -а: работа/работа, врява/врева, игра/игра, покана/покана, мъка/мака; -ях: смях/смеа, грях/грев;
од придавки:
-ец : старец / старец, хубавец / убавец, слепец / слепец; -ство : богатство / богатство, майчинство / мајчинство; -ина : широчина / широчина, височина / височина, тежина / тежина, светлина / светлина; -ост : милост / милост, старост / старост, гордост / гордост;