Диско Тодоров Димитровски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се вработил како ковач. Во потрага за заработувачка, заминал на печалба и се вработил во Сомбор. Таму се поврзал со напредни работници. Учествувал во работата на напредното движење. По окупацијата на земјата, се вратил во родниот крај и во септември 1944 година, стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во нејзините борби. Кон крајот на октомври истата година, во тешката борба против балистите и Германците кај Шишево, храбро загинал.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ