Перец Маркиш (еврејски: פּרץ מאַרקיש; ; ( - ) — советски писател со еврејско потекло кој пишувал на еврејски. Неговите далечни предци водат потекло од Шпанија. Како дете посетувал хедер и пеел во хорот на локалната синагога. Служи како војник во армијата на Царска Русија во текот на Прва светска војна. Во неговите рани дваесетти, заедно со Лајб Квитко и други, станува член на Киевската група на еврејски поети. Автор е на многу песни, драми и неколку романи. Неговата поезија на руски ја препева Ана Ахматова, како и низа други видни поети. Живее во Берлин, Париз, Лондон, Варшава и Рим пред да се врати во Русија.

Во 1946 година ја добива Сталиновата награда. Иронично, токму по наредба на Сталин, Маркиш, заедно со уште дванаесет други еврејски поети е погубен на Ноќта на убиените поети.

Наводи

Надворешни врски

Еврејски во СССР - С. Л. Шнајдерман.

Категорија:Еврејски поети Категорија:Еврејски писатели Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Руски Евреи Категорија:Носители на Орденот на Ленин