Дудин Дол — археолошко наоѓалиште во Свети Николе Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 4,5 км јужно од градот, на една благо закосена тераса. При подигањето на лозовите насади, со длабокото орање на површината бил исфрлен голем број фрагменти од керамички садови, како и градежен камен различен по големина, облик, состав и обработеност, веројатно од темели на објекти. Во јужниот дел на терасата бил откриен и разнесен од механизацијата гроб од типот циста. На површината се најдени повеќе рачни мелници од камен и пирамидални тегови од керамика. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Св.Николе.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 358, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Свети Николе; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Свети Николе