Михал Хелик (роден на 9 септември 1995 година во Хожов) — полски фудбалер, на и на полската репрезентација.

Клупска кариера Роден во Хожов, Хелик ја започнал својата кариера во локалниот клуб Рух Хожов, за кој дебитирал на 18-годишна возраст во натпреварот од полската Екстракласа Јагелонија-Рух Хожов 6-0 одигран на 15 септември 2013. Тој поминал уште 4 години во Рух за кој забележал точно 50 настапи и 1 гол, пред да премине во Краковија во летото 2017 година. За клубот од Краков дебитирал на 15 јули 2017, во ремито 1-1 на домашен терен против Пјаст Гливице, а веќе во вториот натпревар го постигнал својот прв гол за новиот клуб со кој му донел победа на гостувањето кај Лехија Гдањск. Тој одиграл одлична прва сезона за Краковија во која иако е одбранбен играч се прославил и со постигнување голови тресејќи ги противничките мрежи 8 пати во 32 одиграни натпревари. На 24 јули 2020, Хелик го одиграл целиот натпревар за Краковија во победата со 3-2 по продолженија над Лехија Гдањск во финалето на Купот на Полска, помаѓајќи им на црвено-белите да го освојат првиот трофеј после 73 години. Вкупно за Краковија одиграл 101 натпревар и постигнал 11 голови.

На 9 септември 2020, денот на неговиот 25-ти роденден, Хелик потпишал тригодишен договор со англискиот клуб Барнсли. Неговото деби во Чемпионшип поминало во лошо сеќавање откако тој бил исклучен по само 42 минути игра за извршен професионален фаул во поразот со 2-0 од . Сепак, со текот на времето неговата форма била се подобра и тој се претворил во еден од најважните играчи на Барнсли, а својот прв гол го постигнал на 17 октомври 2020, во ремито 2-2 против Бристол Сити. На крајот од сезоната, Хелик бил избран за Играч на сезоната на Барнсли.

На 1 септември 2022, Хелик потпишал тригодишен договор со .

Репрезентативна кариера Дебитирал за полската репрезентација на 25 март 2021, во ремито 3-3 против во квалификациите за Светското првенство 2022.

Бил повикан во составот на својата земја за Европското првенство 2020, но таму не одиграл ниту една минута.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 21 декември 2019. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2013-2014 Рух Хожов ЕК 8 0 КП 0 0 - - - - - - 8 0 2014-2015 ЕК 18 1 КП 0 0 ЛЕ 43 настапи во квалификациските кола. 0 - - - 22 1 2015-2016 ЕК 0 0 КП 0 0 - - - - - - 0 0 2016-2017 ЕК 20 0 КП 0 0 - - - - - - 20 0Вкупно Рух Хожов 46 1 0 0 4 0 - - 50 1 2017-2018 Краковија ЕК 32 8 КП 2 0 - - - - - - 34 8 2018-2019 ЕК 32 0 КП 2 1 - - - - - - 34 1 2019-2020 ЕК 23 1 КП 5 1 ЛЕ 2Во квалификациските кола. 0 - - - 30 2 авг.-сеп.2020 ЕК 1 0 КП 1 0 ЛЕ 1 0 - - - 3 0Вкупно Краковија 88 9 10 2 3 0 - - 101 11 сеп. 2020-2021 Барнсли ФЛЧ 45 5 ФАКуп+ЛК 3+1 1+0 - - - - - - 49 6 2021-2022 ФЛЧ 38 1 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 40 1Вкупно Барнсли 83 6 6 1 - - - - 89 7 2022-2023 Хадерсфилд Таун ФЛЧ 36 2 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 37 2 2023-2024 ФЛЧ 30 9 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 31 9Вкупно Хадерсфилд 66 11 2 0 - - - - 68 11Вкупно во кариерата 283 27 18 3 7 0 - - 308 30

Титули Клупски Краковија Куп на Полска : 1 2019–2020

Поединечни Играч на сезоната на Барнсли: 1 2020–2021Helik is your Player of the Season! Barnsley Football Club (www.barnsleyfc.co.uk), Retrieved 08 May 2021.

Наводи

Надворешни врски

Михал Хелик на soccerway Михал Хелик на transfermarkt

Категорија:Полски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Краковија Категорија:Фудбалери на ФК Барнсли Категорија:Фудбалери на ФК Хадерсфилд Таун Категорија:Родени во 1995 година