мини|Млади смомбија во Хонгконг во 2015 година кои не го тргаат погледот од екранот на паметниот телефон и таблетот. Смомби — кованица формирана од смартфон (паметен телефон) и зомби, означува пешак со очи заковани на неговиот мобилен телефон до степен да ја занемари неговата непосредна околина и да не го сфати потребното внимание за неговата и за безбедноста на другите.
Етимологија Овој неологизам се појавил како дел од иницијативата под наслов „Збор на годината на младите луѓе“ организирана во Германија од 2008 година, од издавачката куќа Лангеншајт, кои ја избрале оваа кованица за збор на 2015 година. Можно е овој збор младите да го користеле пред 2015 година или да се појавил за време на овој избор.
Ризици и превенција мини|Пародија на Одот на напредокот: од мајмун до смомби. Според студија спроведена во 2014 година од Декра (Deutscher Kraftfahrzeug-Überwachungs-Verein) во шест европски главни градови, 17% од пешаците во големите градови би се однесувале ризично со својот паметен телефон: главните причини за расеаност се пишување пораки при преминување на патот (8% од пешаците), телефонски повици (2,6% од пешаците) или и двете (1,4% пешаци). Намалената будност на смомбијата би била причина за фатални сообраќајни несреќи.
Ова опасно однесување поттикнало некои земји како Германија, Австрија и Австралија да инсталираат трепкачки светла интегрирани во коловозот на клучни места (коловозни светла на крстопати, трамвајски премини), уреди за звучно предупредување или во Кина, ленти за пешаци исклучиво резервирани за корисници на мобилни телефони. Неколку американски универзитетски градови имаат натписи „Погледнете напред“ во близина на скалите и пешачките премини.
Јапонија мини| Предупредувачки знак во Осака Во Јамато Сити, Јапонија, студија од јануари 2020 година открила дека 12% од погинатите 6.000 пешаци го користеле својот паметен телефон за време на несреќата и затоа гледањето во паметниот телефон при одење едноставно е опасно..
Во овој јапонски град на Јапонија забрането е одење со истовремено користење на паметниот телефон од јуни 2020 година.
Наводи
Поврзано Номофобија Фабинг
Надворешни врски
Категорија:Неологизми Категорија:Кованици Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Култура на мобилен телефон Категорија:Патен сообраќај