Драган Б. Јакимовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Завршил неполно средно образование, а потоа работел како службеник во Скопје. Рано се вклучил во народно-ослободителното движење и активно учествувал во акциите за собирање материјална и друга помош за партизаните. Во 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Со бригадата учествувал во борбите против германските колони на железничката линија Скопје - Велес. Посебно се истакнал во борбите за конечното уништување на балистичките банди на терените на Китка и Водно. Кога бригадата добила задача да ги потисне балистите концентрирани на десната страна на Треска, Драган бил убиен на 10 октомври 1944 година.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ