150п|мини|Ендимион и Селена Ендимион (старогрчки: Ἐνδυμίων, Ἐνδυμίωνος) — лик во старогрчката митологија.

Ендимион бил млад ловец во кого се вљубила божицата Селена. За да може да го љуби, таа го заспала; по друга верзија, тој бил казнет со вечен сон затоа што се вљубил во божицата Хера; а по трета верзија, поради неговата љубов кон Хера, Зевс му оставил да избере на кој начин сака да умре, а Ендимион избрал вечен сон како начин да остане вечно млад и бесмртен. Еден антички релјеф го прикажува Ендимион додека спие, а неговото куче лае, објавувајќи го доаѓањето на Селена.A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 221.

Ендимион како мотив во уметноста „Селена и Ендимион“ — слика на италијанскиот сликар Себастијано Ричи од 1713 година. „Сонот на Ендимион“ — слика на францускиот сликар Ан-Луј Жироде од 1791 година. „Дијана и Ендимион“ — слика на францускиот сликар Жером-Мартан Ланглоа од 1822 година.

Наводи

Категорија:Старогрчка митологија