Томе Бојков Мацкинов ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Произлегува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште. Материјално ги помагал партизанските единици, кои дејствувале во неговиот крај. Во септември 1944 година, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, која се прославила во борбите против балистите и Германците во Скопска Црна Гора. Учествувал во сите борби против балистите. Честопати се наоѓал во заседи против германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Загинал во почетокот на ноември 1944 година, кај Чучерски Рид. Бил пренесен и закопан на скопските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ