Корија — врв на планината Богословец со висина од 721 м.
Географија Врвот се наоѓа во југоисточниот дел на планината, источно од длабокото седло Калиманец (548 м).
Искачување Најдобра пристапност до врвот има од северната страна. Искачувањето започнува од Гадешка Чешма во југозападен правец до плитко седло на надморска височина од околу 680 м коешто го поврзува со соседниот Тиски Врв (747 м), од каде што се скршнува на југоисток до самиот врв.
Поврзано Свети Јовански Рид Тиски Врв
Категорија:Богословец (планина) Категорија:Врвови во Македонија