„Човек од Западот“ (англиски: Man of the West) — американски филм од 1958 година, во режија на Ентони Мен. Главните улоги ги толкуваат: Гари Купер, Џули Лондон и Ли Џеј Коб.
Синопсис Поранешниот револвераш Линк Џонс (го игра Купер) живее чесен живот и станал угледен граѓанин во еден мал град. Неговите сограѓани го испраќаат во поголемиот град за да пронајде учителка за нивното ново училиште. Патувајќи со возот, Линк ги запознава измамникот Сем Бизли и убавата пејачка Били Елис (ја игра Лондон). Откако група маскирани разбојници го ограбува возот, Линк, Сем и Били остануваат сами во една пустелија, стотици километри од цивилизацијата. Линк ги поведува сопатниците до местото каде се криела неговата поранешна банда. Тогаш, Линк открива дека бандата сè уште е таму и дека токму таа го ограбила возот. Криминалците ги предводи злогласниот Док Тобин (го игра Л. Џ. Коб), кој долго време му бил како татко.РТС, Човек са запада (пристапено на 6.6.2021)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Вестерни Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1958 година Категорија:Филмови на Ентони Мен Категорија:Филмови со Гари Купер Категорија:Филмови со Ли Џеј Коб Категорија:Филмови со Џули Лондон