Равен — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Галиште. Претставува утврдување од средниот век.
Се наоѓа на 4 км од селото, на височинка со стратегиска положба што се издига над левиот брег на Црна Река. На површината се среќаваат грамади од градежен камен и фрагменти од покривни ќерамиди. Секако се работи за една од позначајните фортификации што го обезбедувала патот по текот на Црна Река.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко
Наводи