Ефимија {или Евфема; Јупитер LX, првично наречена — надворешна месечина на Јупитер со пречник од 2 км.

Откривање Откриена е од екипа во 2003 г. астрономи на Хавајскиот универзитет под водство на Скот Шепард.MPEC 2003-E11: S/2003 J 1, 2003 J 2, 2003 J 3, 2003 J 4, 2003 J 5, 2003 J 6, 2003 J 7 March 4, 2003 (discovery and ephemeris) Месечината се изгубила по откривањето во 2003 г. и повторно забележана во 2017 г. по што ѝ била дадена трајна ознака.

Име Месечината го добила сегашното име во 2019 г. по битието Ефимија од старогрчката митологија, кое е дух на добрите предзнаци, пофалбата, одобрението, победничките извици и ракоплескањето, ќерка на Хефест и Аглаја, внука на Зевс. Предлогот е даден на Твитер, во конкурс приреден од Карнегиевиот институт, на кој е усвоено и името на месечината Филофросина.

Орбита Ефимија кружи околу Јупитер на просечно растојание од 19.6 Гм и прави едно свртување за 628,06 дена. Има наклон од 146° кон еклиптиката (146° кон Јупитеровиот екватор) и оди во повратна насока со занесеност од 0,2507. Ѝ припаѓа на Ананкината група на повратни неправилни месечини кои кружат околу Јупитер на оддалеченост од 19,3 до 22,7 Гм со наклон од околу 150°.

Наводи

Категорија:Ананкина група Категорија:Јупитерови месечини Категорија:Неправилни месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 2003 година Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Месечини со повратна орбита