Лајб Квитко (, ( - ) — прочуен еврејски поет, автор на добро-познати детски песни и член на Еврејскиот Антифашистички Комитет (ЕАК). Еден е од уредниците на Einigkeit (весникот на ЕАК) и на Heymland, литературно списание.
Роден е во украински штетл, посетува традиционална еврејска религиозна школа за момчиња (хедер) и рано останува сирак. Се преселува во Киев во 1917 година и наскоро станува еден од водечките еврејски поети и членови на "Киевската група". Живее во Германија меѓу 1921 и 1925 година и таму се зачленува во Комунистичката партија. Почнува да ги издава своите први песни кои се многу добро прифатени од критиката. Се враќа во СССР во 1925 и се преселува во Москва во 1936; по три години станува член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС). Во тој период неговото творештво безмалку потполно се ориентира кон пишување на песни за деца и сосема е подложно на влијанието на социјалистичкиот реализам.
Убиен е во Москва на 12 август 1952 година, заедно со уште дванасет видни еврејски интелектуалци во масакрот познат под името Ноќта на убиените поети. Бил рехабилитиран во 1955.
Наводи
Надворешни врски Еврејскиот поет, Лев Квитко. Избрана поезија на Лев Квитко. Животот ќе беше прекрасен, писма на Квитко до пријателите , објавени во алманахот "Yegupets" , Киев.
Категорија:Еврејски поети Категорија:Еврејски писатели Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Советски Евреи Категорија:Украински Евреи Категорија:Починати во Москва