Гестланд (; ) — новосоздаден град во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот бил основан на 1 јануари 2015 година со спојување на градот Ланген и општините од поранешната општинска заедница Бедеркеза.

Гестланд, по градот Куксхафен, е втор најнаселен во самиот округ. На списокот на најголеми општини по површина во Германија, Гестланд се наоѓа на 10. место. Името му доаѓа од земјишниот облик „гест“.

Географија Местоположба

Градот Гестланд се граничи на северозапад со општината Вурстер Нордзекисте и со Везер при вливот во Северното Море, на север со општинската заедница Ланд Хаделн, на североисток со општинската заедница Берде Ламштет, на исток со округот Ротенбург и на југ со градот Бремерхафен, како и со општините Беверштет и Шифдорф. На југ, градот се граничи со реката Гесте.

Градски единици

Градот Гестланд се состои од 16 места, кои се составени од местата на поранешниот град Ланген и општините на поранешната општинска заедница Бедеркеза.

Бад Бедеркеза (со местата Анкелое и Фикмилен) Дебштет Дрангштет Елмлое (со Маршкамп) Флегелн Холсел Химендорф Имзум Келен (со Дезебрек, Келен-Дорф, Штибуш и Форм Мор) Кирштет (со Алфштет) Кремпел Ланген Линтиг (со Мекелштет и Гросенхајн) Нојенвалде Рингштет (со Хајнмилен и Вистеволде) Зиверн

Политика Градски совет

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 17. Dezember 2011. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На првите општински избори на 2 ноември 2014 година биле добиени следниве резултати:

Распределбата на местата: CDU: 21 места SPD: 11 места Група Зелени/Левица: 3 места Граѓанска фракција Гестланд: 2 места независен: 1 место

Градоначалник

На 2 ноември 2014 година, Торстен Кригер станал градоначалник.

Збратимени градови

Гестланд е збратимен со следниве градови:

Тозер, Тунис

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Куксхафен (округ) Категорија:Населени места основани во 2015 година