Здружението на вселенски истражувачи ― непрофитна организација со членство составено од луѓе кои завршиле барем една Земјина орбита во вселената (над 10 км, како што е дефинирано од страна на Федерацијата за меѓународна аеронаутика. Основано било во 1985 година, а сегашното членство е над 400 од 37 различни земји. Организацијата обезбедува форум за промоција на вселенско истражување, како и вселенска наука и инженерство и еколошка свест.
Вдахнат од неговото пријателство со авторот Мајкл Марфи и учеството во советско-американската програма за размена на Институтот Есален , астронаутот на НАСА, Русти Швајкарт, го основал Здружението заедно со космонаутите Алексеј Леонов, Виталиј Севастјанов и Георги Гречко.
Планетарен конгрес Планетарниот конгрес на Здружението на вселенски истражувачи е годишен форум за членовите на ЗВИ. Се одржува во различна земја домаќин секоја година. Во 2013 година, од 1 јули до 5 јули, во Келн, Германија бил одржан 26-от Планетарен конгрес. Бил поддржан од Германскиот авиовселенски простор и Европската вселенска агенција и вклучувал настани за јавна публика и прес-конференции, како и внатрешни состаноци и предавања. Осумдесет и двајца астронаути и космонаути присуствувале на настанот.
Наводи
Надворешни врски
Мрежна страница на Здружението на вселенски истражувачи Список на членови на ЗВИ
Категорија:Вселенски организации