Александар Стојанов Спасовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.
Животопис Завршил основно училиште. Поради лошата материјална состојба не можел да го продолжи образованието и затоа изучил лимарски занает. Во Скопје организирано му пристапил на народноослободителното движење, кои материјално го помагал. Учествувал и во извршувањето на бројни дејствија, против непријателот. На 6 септември 1944 година, тој стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, како борец на четвртиот баталјон. Бил учесник во сите нејзини борби и дејствија против Германците и балистите. Учествувал во разбивањето на балистичките банди што биле кон центрирани на теренот покрај реката Треска, односно во Порече. Во една борба, тој загинал во месноста Бел Камен, во атарот на Крапа, односно северно од самото село. Неговите останки биле пренесени и закопани на скопските гробишта.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Југословенски Македонци