Томаш Калас (роден на 15 мај 1993 во Оломоуц) е чешки фудбалер, играч од одбраната на Шалке 04 и поранешен репрезентативец на чешката репрезентација.
Технички карактеристики Стопер, кој може да игра и како десен бек. Добар во играта со глава и во изнесувањето на топката, но се одликува и со одлични атлетски предиспозиции и солидна брзина за дефанзивец.
Кариера Клупска кариера left|thumb|200px|Калас со Челси во 2014 Роден во Оломоуц, Калас ја започнал својата кариера во екипата од неговиот роден град Сигма Оломоуц, за која дебитирал во победата со 2-0 над Слован Либерец на 5 мај 2010 година. По завршувањето на сезоната 2009-2010, тој потпишал за англискиот клуб член на Премиер лигата, Челси, на 7 јули 2010 година, за надомест од околу 5,2 милиони фунти. Сепак, договорот вклучувал, тој да остане во Сигма Оломоуц и во сезоната 2010–2011 како позајмен играч: тој направил уште 6 настапи (4 во првенствотото и 2 во купот) за Сигма во првиот дел од сезоната 2010-2011, по што се вратил во Челси, каде играл за резервниот тим на „Сините“.
Во август 2011, Калас му се приклучил на холандскиот клуб Витесе, на двегодишна позајмица. Престојот во клубот од Арнем бил позитивен за младиот чешки дефанзивец, кој пронашол можност да игра во континуитет и да се развива. На 17 мај 2012, Калас го постигнал својот прв погодок во професионалната кариера во победата со 3-1 над РКЦ Валвајк. Вкупно за Витесе во двете сезони на заем одиграл 76 натпревари и постигнал 2 гола.
По одличните игри во Витесе, Калас се вратил во Челси во летото 2013 и бил потврден од менаџерот Жозе Мурињо, кој рекол дека тој ќе остане и ќе се бори за своето место во клубот. Своето деби за првиот тим на Челси го направил на 29 октомври 2013, влегувајќи како замена на местото на Хуан Мата во победата со 2-0 над Арсенал во Лига купот. На 18 март 2014, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во победата со 2-0 над Галатасарај, а на 27 април 2014 дебитирал и во Премиер лигата во победата со 2-0 на Анфилд над .
Откако не добил многу шанси за игра во дресот на Челси (сезоната 2013-2014 ја завршил со вкупно 4 натпревари: два во првенството и по еден во Лига купот и Лигата на шампионите), тој бил проследуван на разни позајмици во следните неколку сезони. Најпрво бил позајмен на германскиот Келн во сезоната 2014-2015, каде не одиграл ниту еден натпревар, а потоа следеле позајмици во три различни екипи од Чемпионшип - второто ниво на англискиот фудбал: Мидлсбро, Фулам и Бристол Сити.
На 1 јули 2019, по успешниот период на Калас во клубот како позајмен играч, Бристол Сити одлучилe да го откупат играчот од Челси за сума од 8 милиони фунти. Пред почетокот на сезоната 2020-2021, Калас бил назначен за капитен на Бристол Сити, и го постигнал својот прв гол за клубот во првиот натпревар како капитен во победата со 2-1 на домашен терен над во Чемпионшип. Откако бил стандарден во првите три сезони, во четвртата тој се мачел со повреди поради што одиграл само 9 натпревари и го напуштил клубот, во летото 2023 година. Вкупно дресот на Бристол Сити го носел во 155 натпрвари и постигнал еден гол.
На 26 август 2023, Калас потпишал двегодишен договор со германскиот клуб од Втора Бундеслига, Шалке 04.
Репрезентативна кариера
Калас ја претставувал Чешка во неколку младински репрезентации: под 17, под 18, под 19, под 20 и под 21 година. Со последната репрезентација, учествувал на Европското првенството за играчи под 21 година 2015 кое се одржало токму во Чешка.
За сениорската репрезентација дебитирал во победата со 3-0 над во пријателски натпревар. Својот прв гол за репрезентацијата го постигнал на 26 март 2018, во победата со 4-1 над , повторно во пријателски натпревар. Во 2021 година учествувал на Европското првенство 2020 (одложено заради пандемијата на КОВИД-19), каде бил стандарден првотимец, играјќи ги од почеток до крај сите пет натпревари на неговата земја на турнирот, кој за Чешка завршил во четвртфиналето во кое била елиминирана после поразот од со 2-1.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 3 јули 2025 Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2009-2010 Сигма Оломоуц 1Л 1 0 КЧ 0 0 - - - - - - 1 0 2010-2011 1Л 4 0 КЧ 2 0 - - - - - - 6 0Вкупно Сигма Оломоуц 5 0 2 0 - - - - 7 0 2011-2012 Е 29+4Плејоф. 0+1 КХ 4 0 - - - - - - 37 1 2012-2013 Е 34 1 КХ 3 0 ЛЕ 3Во квалификациските кола. 0 - - - 40 1Вкупно Витесе 63+4 1+1 7 0 3 0 - - 77 2 2013-2014 ПЛ 2 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ 1 0 СУ 0 0 4 0 2014-јан. 2015 БЛ 0 0 КГ 0 0 - - - - - - 0 0 јан.-јун. 2015 ФЛЧ 17 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 17 0 2015-2016 ФЛЧ 26 0 ФАКуп+ЛК 1+3 0 - - - - - - 30 0Вкупно Мидлсбро 43 0 4 0 - - - - 47 0 2016-2017 ФЛЧ 36+2 1+0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 40 1 2017-2018 ФЛЧ 33+2 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 36 0Вкупно Фулам 69+4 1 3 0 - - - - 76 1 2018-2019 ФЛЧ 38 0 ФАКуп+ЛК 3+0 0 - - - - - - 41 0 2019-2020 ФЛЧ 23 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 24 0 2020-2021 ФЛЧ 40 1 ФАКуп+ЛК 3+1 0 - - - - - - 44 1 2021-2022 ФЛЧ 35 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 37 0 2022-2023 ФЛЧ 8 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 9 0Вкупно Бристол Сити 144 1 11 0 - - - - 155 1 2023-2024 2Б 25 1 КГ 1 0 - - - - - - 26 1 2024-2025 2Б 23 1 КГ 1 0 - - - - - - 24 1Вкупно Шалке 04 48 2 2 0 - - - - 50 2Вкупно во кариерата 377 6 27 0 4 0 0 0 416 6
Репрезентативна кариера
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Чешка201210201520201620201760201872201910202030202190Вкупно312
Наводи
Надворешни врски
Томаш Калас на soccerway Томаш Калас на transfermarkt Томаш Калас на espn Томаш Калас на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Чешки фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Витесе Категорија:Фудбалери на ФК Келн Категорија:Фудбалери на ФК Мидлсбро Категорија:Фудбалери на ФК Фулам Категорија:Фудбалери на ФК Бристол Сити Категорија:Фудбалери на ФК Шалке 04 Категорија:Родени во 1993 година