Везермарш () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во градот Браке.

Округот се граничи со (од исток надесно) окрузите Куксхафен и Остерхолц, градот Бремен, слободниот град Делменхорст, округот Олденбург и слободниот град Олденбург, како и окрузите Амерланд и Фризија.

Географија

Округот се наоѓа на западниот брег на реката Везер, помеѓу Бремен и устието на реката. Неколку реки поминуваат низ округот од запад на исток, најголемата од нив е Хунте, која поминува низ Олденбург пред да влезе во Везермарш. На север, устието на Везер и Јадскиот Залив (во Северното Море) го опкружуваат полустровот Бутјадинген. Таму се наоѓа најголемиот град во округот: Норденхам, кој се наоѓа спроти Бремерхафен на устието на Везер.

Историја

Округот бил основан во 1933 година со спојување на амтовите Бутјадинген, Браке и Елсфлет, како и делови на амтовите Делменхорст и Фарел.

Грб

Грбот има црвени и жолти ленти од државата Олденбург во својата лева половина. Долу десно е отсликан воин, кој ги претставува фризиските племиња, кои првично ја населувале областа. Бродот горе десно е ког, вообичаен трговски брод во средниот век во областа. Ја претставува долгата трговска традиција на устието на реката Везер.

Градови и општини

мини|300п|десно|Градовите и општините во округот Везермарш

ГрадовиСлободни општини Браке Елсфлет Норденхам Берне Бутјадинген Лемвердер Јаде Овелгене Штадланд

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Окрузи во Долна Саксонија