Трајан Целев Тодоровски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно образование, а потоа се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во бројни битки против балистичките банди, кои постојано вршеле напад на селата во Скопска Црна Гора, со цел да ги ограбуваат и да го малтретираат населението. Во една битка против нив, загинал на 3 ноември 1944 година, кај Бањански Рид. Неговите останки биле пренесени и погребани во родното село Црешево.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ