Киро Цветковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно градско семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Потоа отворил столарски дуќан. Како симпатизер на народноослободителната борба, активно ја помагал истата. Собирал материјална помош за партизаните и како активен младинец бил примен за член на СКОЈ. Во септември 1944 година стапил во Четвртиот скопски партизански одред, со кој учествувал во борбите против непријателот на Китка. Покрај директното учество во борбите, бил ангажиран и во агитацијата по селата за формирање на народни одбори на тој терен, организации на АФЖ и на народната младина. На 9 септември 1944 година, загинал на пат кон селото Говрлево, каде бил убиен од заседа на балистички бандити.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви во битките за слобода на Скопје