Трајко Стојменов Ангеловски ( во Доница, — ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Во потрага за подобар живот, тој се преселил во Мршевци, Скопско. На 20 август 1944 година, тој стапил во Осумнаесеттата македонска ударна бригада. Со истата, тој учествувал во завршните операции, што многубројните бригади на НОВ и ПОМ ги воделе ширум вардарскиот дел на Македонија. Иако ја дочекал слободата, храбро загинал во една борба против балистичките банди, на 10 декември 1944 година, точно два месеци по загинувањето на неговиот помлад брат Владо Ангеловски.

Поврзано

Владо Ангеловски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ