Трајко Велков Велковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Завршил четврто одделение, а потоа изучил занает ѝ работел како златар. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. По акциите за чистење од балистички банди во Македонија и Косово со бригадата заминал за Срем. Откако ја завршил обуката учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во жестоките борби против Германците и усташите, на 8 мај 1945 година, храбро загинал кај Дуго Село. Бил закопан на местото каде што загинал.

Наводи