Маори () — полинезиски народ, домородно население на Нов Зеланд, етнолингвистички сродни на Тахиќаните и Хавајците, кои на подрачјето на Јужниот остров и Северниот остров, допловиле со кануа, населувајќи се помеѓу 9-от и 13-от век од подрачјето на Полинезија. Првиот судир со Европејците го имале веќе во 1642 година со доаѓањето на холанѓанецот Абел Тасман, а во битката биле убиени четворица припадници на неговата посада. Во 1769 година, британскиот истражувач Џејмс Кук воспоставува пријателски односи со Маорите. Од 1800-тите посетите на европските бродови биле се почести. Со доаѓањето на европските населеници, популацијата на Маорите започнала да опаѓа, поради војните и увезените болести и бројката им била сведена на околу 100.000. Претставниците на маорските поглавари и британците се состанале во 1840 година и потпишале договор во Вајтангу по кој тие стануваат британски граѓани и им се признаваат правата на земја. Со новозеландскиот попис од 2006 година, под маорски етнички имиња се изјасниле 565.329 лица.
Историја мини|лево|Доселувањето на Маорите во Нов Зеланд како завршна точка на долга низа од последователни островски преселби.
Наводи