Душан Стојков Комненовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Поминал тешко и мачно детство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Кога во септември 1944 година во Кучевиште била основана Шеснаесеттата македонска ударна бригада, стапил во нејзините редови. Учествувал во борбите против балистичките банди кои ги ограбувале селата на Скопска Црна Гора. Со Бригадата заминал на Косово, а потоа на Срем. На 12 април во Бригадата учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во една од тие борби храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.
Поврзано
Милан Комненовски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ