Норденхам () — најголем град во округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на устието (на западниот брег) на реката Везер, на полуостровот Бутјадинген, на самиот брег на Северното Море.
Пристанишниот град Бремерхафен се наоѓа на другиот брег на реката. Пристаништето Мидгард е најголемото приватно пристаниште во Германија.
Географија Местоположба
Норденхам се наоѓа на западниот брег на Везер спроти Бремерхафен на нејзиното устие во Северното Море и северно од градовите Бремен и Олденбург. Околината се состои од мочуришта.
Градски единици
Норденхам се состои од следниве 35 единици: Абехаузен, Абехаузер Гроден, Абехаузер Херне, Абехаузервиш, Атенс, Атензерфелд, Блексен, Блексерзанде, Блексервурп, Бултервег, Бутербург, Ајнсварден, Елвирден, Енјебур, Езенсхам, Езенсхамер Алтендајх, Езенсхамер Обердајх, Езенсхамергроден, Фридрих-Аугуст-Хите, Гребсварден, Гросензил, Хафендорф, Херинг, Хофе, Клостер, Морзерзанд, Обердајх, Физеварден, Раден, Зарве, Шокумердајх, Швеварден, Шитинг, Тетенс, Тројенфелд и Фолкерс.
Кон градското подрачје припаѓаат и островите Ланглитјен I и Ланглитјен II.
Историја
Норденхам се развил од местото Атенс поради напорите на трговецот Вилхелм Милер, кој тргувал со говеда и овци кон Англија кон крајот на век. Некои од најстарите делови на денешното градско подрачје се старите села Блексен, Ајнсварден и Атенс. Епископот Вилехад починал во Блексен во 789 година, што се смета за годината на основање на Блексен. Во 1407 година бил подигнат замокот Вредеборх или Фридебург (буквално како „мировен замок“) од ханзиниот град Бремен, кој на почетокот личел само како голема утврдена куќа, со цел да ги заштити интересите од бунтовните жители, Фризите. Упориштето било уништено во 1425 година и е можно дека местото подоцна било користено како манастир.
Основачот на Норденхам, Вилхелм Милер, подоцна ја изградил својата фарма и ресторан на истото место. Во 1959 година овие биле срушени и била изградена општинската зграда. Градското собрание било изградено во 1953 година.
Помеѓу 1499 и 1514 година, областа била освоена од Војводството Олденбург.
На 1 мај 1908 година, Норденхам добил градски права и од 1955 година е вклучен во округот Везермарш.
Поради владините политики за индустријализација во 1960-тите и во 1970-тите години, разни индустриски капацитети биле отворени во Норденхам. Помеѓу другите била и атомската централа близу Езенсхам, која административно припаѓа на општината Штадланд, авионската компанија „Премиум“ и хемиска индустрија.
Политика Градски совет
Градскиот совет се состои од 36 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 25.001 и 30.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 10. Januar 2014. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Партија Удел Места SPD 47,07 % 17 CDU 26,33 % 10 FDP 8,53 % 3 WIN 7,64 % 3 GRÜNE 6,87 % 2 LINKE 3,53 % 1
Градоначалник
Градоначалник на Норденхам е Карстен Зајфарт (SPD). На последните избори на 8 септември 2015 година освоил 59,83% од гласовите против тројца противкандидати.
Збратимени градови
Норденхам е збратимен со следниве градови:
Петерли, Велика Британија (од 1981) Швиноујшќе, Полска (од 1992) Сен Етјен ди Рувре, Франција (од 2011)
Сообраќај
Постои ферибот до Бремерхафен од местото Блексен, иако неговите услуги помалку се користат со отворањето на тунелот „Везер“ јужно од Норденхам.
Градот е поврзан со патната мрежа од патот Б212, кој се поврзува со Б437 близу тунелот „Везер“, нудејќи врски до автопатот А27 и А28.
Норденхам е поврзан со регионалните возови и има воз на секој час до Бремен. Се очекува Норденхам да влезе во мрежата на бременската С-Железница, кога ќе биде завршена.
Познати луѓе
Клаус Деде (1935–2018) — новинар и писател Јиргер Ригер (1946–2009) — адвокат и политичар Инар Кортер (р. 1955) — политичар Толга Џигерџи (р. 1992) — фудбалер Толкај Џигерџи (р. 1995) — фудбалер
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Везермарш