Влколинец ― село под управа на општината (и гратче) Ружомберок во Словачка. Историски гледано, тоа било засебно село. Првото писмено споменување на селото било од 1376 година и по 1882 година кога станало дел од Ружомберок. Неговото име најверојатно потекнува од словачкиот збор „влк“, односно волк.

Влколинец било ставено на списокот на Светско наследство на УНЕСКО од 1993 година и е едно од десетте словачки села на кои им е даден статус на резервации за народна архитектура. Овој статус бил даден затоа што селото е недопрено и сложен пример за народна селска архитектура во регионот на Северните Карпати.

Влколинец, сместено во средината на Словачка, е неверојатно недопрена населба со традиционалните одлики на средноевропско село. Тоа е најцелосната група во регионот на вакви традиционални куќички од трупци, кои често се наоѓаат во планинските области. Селото се состои од повеќе од 45 куќички од трупци, секоја од нив е составена од две или три соби. Зачувана е и дрвена камбанарија од 18 век, како и барокната капела. Text was copied from this source, which is available under a Creative Commons Attribution 3.0 IGO (CC BY 3.0 IGO) license. Куќите број 16 и 17 биле претворени во фолкролен музеј со сите алати на секојдневниот живот и работа.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Службена мрежна страница

Категорија:Светско наследство во Словачка Категорија:Села во Словачка Категорија:Координати на Википодатоците