мини|300x300пкс|Поглед на Аманохашидате од паркот Касамацу. мини|250x250пкс|Поглед на Аманохашидате од планината Моџу. мини|375x375пкс|Аманохашидате во укијо-е од Хирошиге Утагава. мини|„Поглед на Ама-но-Хашидате“ од Сесшу Тојо. На десната страна, ториито (порта) на Светилиштето Коно се гледа. И крајно десно, Канмуриџима и Куцуџима се исто така насликани. Аманохашидате (天橋 立) ― еден од трите живописни погледи на Јапонија. Спрудот се наоѓа во Заливот Мијазу во северниот дел на префектурата Кјото. Тој е дел од Квазинационалниот парк Танго-Аманохашидате-Оејама.

Местоположба Тенка лента земја поврзува две спротивставени страни на заливот Мијазу. Овој спруд е 3,3 км долг и покриен со околу 7.000 борови дрвја.

Може да се гледа од планините од двете страни на заливот или да се помине пеш. Во близина на северниот крај е храмот Коно, шинтов храм и на јужниот крај е Чион-џи, будистички храм.

На спрудот е слатката вода добро ценета уште од периодот Хејан, која била избрана за еден од 100-те најдобри извори и реки во Јапонија од страна на Агенцијата за животна средина во 1985 година.

Пристап ЖС „Аманохашидате“ на железничката линија Мијазу, околу два часа од ЖС „Кјото“ или ЖС „Осака“, се наоѓа во рамките на пешачко растојание од јужниот крај на Аманохашидате.

Наводи

Надворешни врски

Здружение на туристи Аманохашидате (англиска страница)

Категорија:Спрудови во Јапонија Категорија:Кјото (префектура)