Љубомир Лековиќ - Горски ( во — во ) — црногорски партизан, и учесник во НОБ.
Животопис Пред Војната, тој работел во Скопје како монополски службеник. Гледајќи ја суровата експлоатација на монополските работници и спроведувањето национална и политичка нерамноправност, се определил на страна на обесправените. Поради пројавената активност во монополот, тој бил примен за член на КПЈ. По капитулацијата на Кралството Југославија, тој останал во Скопје, решен да се бори против фашистичките освојувачи. Во јуни 1941 година, тој бил избран за член на Воената комисија. Како таков бил задолжен за организирање партизаноки одреди и диверзантски групи. Во летните месеци на 1941 година, тој учествувал во повеќе собирни акции на оружје. По основањето на Првиот скопски одред кон крајот на август, тој ги обучувал борците во ракување со оружје. Во летните месеци на 1941 година, бил основан нов Покраински воен штаб, а токму Горски бил назначен за командир на одредот. Во една патролна акција што ја предводел во Скопска Црна Гора, убил еден окупаторски шумар. Поради тоа, одредот се повлекол на друг терен. На 30 октомври 1941 година, тој заминал в град да го извести Воениот штаб за акцијата и извршеното преместување на одредот. Меѓутоа, патем паднал во рацете на бугарскиот окупатор. На судскиот процес во април 1942 година, воениот суд го осудил на смрт со бесење. Казната била извршена во софискиот затвор, на 19 август 1942 година.
Поврзано
Главен штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија Прв скопски партизански одред
Наводи
Надворешни врски
Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Затвореници во Бугарија