мини|Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Русе Ливрински Русе Симов Ливрински ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште изучил занает, а по завршувањето на занаетот работел како столар. Стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против Германците и балистите на падините на Скопска Црна Гора, како и во акциите против моторизираните германски колони во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија земал учество во пробивот на Сремскиот фронт. Храбро загинал при крајот на април 1945 година во борбите против Германците и усташите кај Будровци, близу Ѓаково. Бил закопан од соборците на борбената позиција.
Поврзано
Ѓорѓија Ливрински Божин Ливрински
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ