Велосипедизмот на Летните олимписки игри 2004 се состоел од 18 настани во три дисциплини:

Друмски велосипедизам, одржан во историскиот центар во Атина (почеток и крај на плоштадот Коција) и во Олимпискиот центар Вулијагмени (за настани на хронометар). Велодромски велосипедизам, одржан на Олимпискиот Велодром. Планински велосипедизам, одржан на Парнита.

Вкупно, учествувале 464 велосипедисти: 334 мажи и 130 жени, од 61 земји. Најмладиот учесник бил Игнатас Коноваловас, со 18 години, додека најстара беше Жани Лонго, со 45 години. Најуспешен натпреварувач бил Бредли Вигинс, кој освоил три медали: по еден златен, сребрен и бронзен.. Најуспешна земја била Австралија, која освоила 6 златни од 11 вкупно медали. Русија и Велика Британија се нашле на второто место со 3, односно 2 злата. По дисквалификацијата, В. Екимов од Русија бил награден со својот втор златен медал во машки хронометар, бранејќи ја својата титула од 2000 година и третиот златен медал во целина. Својата прва победа ја постигнал во 1988 година, кога се натпреварувал со советскиот тим. Медалисти

Наводи