Никола М. Николовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно градско семејство. Завршил основно училиште и го продолжил своето образование во средно училиште. Поради војната го прекинал учењето. Во септември 1944 година стапил во Четиринаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во борбите за конечното ослободување на повеќе места во Македонија, како и во ликвидирањето на балистичките банди. Oткако била ослободена Македонија со XV корпус учествувал во борбите за ослободување на неослободените краишта на Југославија. Бил учесник во големите борби на Сремскиот фронт. При еден јуриш, на 14 април 1945 година, бил тешко ранет. Другарите успеале да го извлечат и да го префрлат на лечење во болница, но по три дена починал од последиците на добиените рани.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ