Ролф Максимилијан Сиверт (; – ) — шведски физичар и радиобиолог чиј најголем придонес е проучувањето на биолошките последици од јонизирачкото зрачење. Во негова чест е наречена единицата сиверт.
Роден е во Стокхолм, во семејството на Макс и Софија Каролина Сиверт.Sekiya, M., Yamasaki, M., "Rolf Maximilian Sievert (1896–1966): father of radiation protection", Radiological Physics and Technology, 9, 1–5 (2016). Retrieved 2 July 2021.
Ја возглавувал физичката лабораторија во радиотерапевтска клиника „Радиумски дом“ (Radiumhemmet) од 1924 до 1937 г., а потоа ја држел катедрата по радиофизика во Каролинскиот институт. Одиграл основоположничка улога во мерењето на дозите на зрачење, особено во за цели на дијагноза и лечење на ракот. Во подноцнежните години се задржал на изучувањето на последиците од изложеноста на ниски дози на зрачење.
Во 1928 г. го основал Меѓународниот комитет за заштита од рендгенско и радиумско зрачење, и бил негов прв претседател; оваа установа подоцна прераснала во Меѓународната комисија за радиолошка заштита. Бил на чело на Научниот комитет за последиците од атомоско зрачење при ООН.
Осмислил низа инструменти за мерење на дози на зрачење, од кои најпозната е Сивертовата комора.
Во 1979 г. SI-единицата за дозен еквивалент на јонизирачко зрачење го добила името сиверт (Sv) во негова чест, со одлука на Генералната конференција за тегови и мерки.
Поседувал голема збирка на инсекти, која денес е сместена во Ентомолошкиот музеј при Лундскиот универзитет. мини|Сиверт на работа во Радиумскиот дом, 1925 г.
Поврзано Дозен еквивалент Јонизирачко зрачење Сивертова комора
Наводи
Надворешни врски
Ролф Сиверт, човекот и единицата Ролф Максимилијан Сиверт (1896–1966): таткото на радиолошката заштита
Категорија:Шведски физичари Категорија:Шведски академици Категорија:Радиобиолози Категорија:Апсолвенти на Упсалскиот универзитет Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Членови на Кралската шведска академија на инженерските науки Категорија:Зрачење Категорија:Луѓе од Стокхолм Категорија:Починати во Стокхолм