Тенискиот турнир во машка поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2004 во Атина се одржал од 15 до 22 август во Олимписки тениски центар во Атина, Грција. Учествувале 64 натпреварувачи од 32 земји. Лимитот на играчи по земји бил сведен на четири почнувајќи од претходните игри во 2000 година.

Евгени Кафелников бил бранител на златниот медал, кој го освоил со победата на турнирот во 2000. Сепак, Кафелников се пензионирал во 2003 година и не бил во можност да го брани насловот и златниот медал. Николас Масу од Чиле го победил Марди Фиш од САД со 6-3, 3–6, 2–6, 6–3, 6–4 во финалето и го освоил златниот медал во машка поединечна конкуренција на Летните олимписки игри 2004. Само последниот натпревар бил одигран во систем подобар во три добиени сета; сите други биле подобар во два добиена сета. Натпреварот за бронзен медал резултирал со успех на уште еден чилеанец: Фернандо Гонсалес го победил американецот Тејлор Дент.

Најголемото изненадување се случило уште во првото коло кога Јиржи Новак ја искористил непостојаната игра на Тим Хенман во оваа календарска година, совладувајќи го во два сета 6-3, 6-3. Второто коло донело уште неколку шокантни елиминации на фаворитите, но ниту една поголема од поразот на светскиот рекет број еден, Роџер Федерер, кој бил елиминиран од чехот Томаш Бердих, рангиран на 74-тото место на АТП листата. Надежите за златен медал на поранешните светски играчи број еден Хуан Карлос Фереро и Марат Сафин, исто така избледеле брзо по раните елиминации на турнирот. Двата медали на чилеанските тенисери биле први за оваа јужноамериканска земја во машка поединечна конкуренција.

Општо Машкиот турнир во поединечна конкуренција на Летни олимписки игри 2004 се одржал во Олимпискиот тениски центар во Атина, Грција од 15 до 22 август 2004 година. Тенисот бил еден од спортовите застапени на првите Летни олимписки игри во 1896 година. Сепак, тенисот бил тргнат од олимписката програма по Летните олимписки игри во 1924 година поради несогласувања помеѓу раководното тело на спортот, Меѓународната тениска федерација (ИТФ) и независната олимписка организација, Меѓународниот олимписки комитет (МОК) за тоа како да се дефинираат спортистите-аматери. МОК го вратиле тенисот во олимписката програма како демонстративен спорт на игрите во 1968 и 1984 пред да се врати како спорт во кои повторно се доделуваат медали, отворен за сите играчи во 1988 година. Турнирот во 2004 година, бил 12-тото издание на кое се доделувало медали во машка поединечна конкуренција.

На овој турнир во 2004 година, се вратиле петмина од вкупно осум четвртфиналисти од претходното олимписко издание, турнирот во Сиднеј 2000 година: меѓу нив бил освојувачот на сребрниот медал (поразен во финалето во Сиднеј) Томи Хас од Германија, четвртопласираниот на турнирот Роџер Федерер од Швајцарија и тројца играчи елиминирани во четвртфиналето: Макс Мирни од Белорусија, Хуан Карлос Фереро од Шпанија и Густаво Куертен од Бразил.

Гледано по држави, Алжир, Кинески Тајпеј и Кипар го имале своето деби на олимписки турнир во машка поединечна конкуренција. Франција пак, го забележала 11-тиот настап, најмногу меѓу сите нации, пропуштајќи го само турнирот во 1904 година.

Квалификации Квалификациите за турнирот во поединечна конкуренција биле ограничени на четири играчи по Национален олимписки комитет (НОК), организација што ја претставува секоја земја на Олимписките игри. Националните тениски федерации кои биле членки на ИТФ пред 1 јануари 2004 година, имале право да номинираат играчи за настап на натпреварувањето. На турнирот учествувале вкупно 64 играчи од кои 48 се квалификувале преку нивниот ранкинг на Светската ранг-листа на ИТФ објавена на 14 јуни, а двајца играчи добиле специјални покани од Трипартитната комисија. Секој НОК кој имал повеќе од четири играчи кои можеле да се квалификуваат според Светската ранг-листа, биле приморани да ги изберат своите највисоко рангирани играчи со право да се натпреваруваат на турнирот. Преостанатите 14 квалификувани тенисери стекнале право на учество преку специјални покани од организаторот (т.н. вајлдкарти): осум играчи биле избрани врз основа на нивниот светски ранкинг, а останатите шест биле избрани врз основа на неговиот светски ранг, без разлика дали нивната земја има репрезентација во тенис, бројот на играчи кои биле во Атина и нивната географска локација.

Играчите кои заработиле автоматски влез во ждрепката, но се повлекле од натпреварувањето поради болест или повреда пред полноќ на 7 август, биле заменети со друг тенисер од неговата земја или следниот играч кој имал највисоко рангирање а не бил во можност да настапи на турнирот. Да не беше така, тогаш ИТФ би избрал највисоко рангиран номиниран играч или квалификуван натпреварувач ако некоја земја има повеќе од четворица играчи на турнирот.

Поени за рангирање Подолу е прикажана распределбата на АТП бодови кои играчите можат да ги добијат од овој турнир:

Светска АТП листа Носител на златен медал: 400 бодови Носител на сребрен медал: 280 бодови Носител на бронзен медал: 205 бодови Вториот полуфиналист: 155 бодови Четвртфиналист: 100 бодови Трето коло: 50 бодови Второ коло: 25 бодови Прво коло: 5 бодови

Годишна АТП листа Носител на златен медал: 80 бодови Носител на сребрен медал: 56 бодови Носител на бронзен медал: 41 бодови Вториот полуфиналист: 31 бодови Четвртфиналист: 20 бодови Трето коло: 10 Второ коло: 5 Прво коло: 1

Распоред

Времињата се според грчкото време (UTC+2)

Распоредот бил преправен во споредба со претходните игри, така што овојпат тенискиот турнир траел само 8 дена наместо 11.

Дата Време Рунда Недела, 15 август 2004Понеделник, 16 август 2004 1. коло Вторник, 17 август 2004 2. коло Среда, 18 август 2004 3. коло Четврток, 19 август 2004 Четвртфинале Понеделник, 20 август 2004 17:00 Полуфинале Сабота, 21 август 2004 17:00 Натпревар за бронзен медал Недела, 22 август 2004 Финале

Преглед на турнирот Пред почетокот: носители, откази и изјави thumb|right|200px|Роџер Федерер, првиот носител на турнирот и бил главен фаворит за освојување на истиот. Турнирот е игран според системот на единечна елиминација со натпревар за бронзен медал. Натпреварувањето е одиграно на тврда подлога по системот подобар во два добиени сета, освен натпреварот за златниот медал, кој се одиграл во три добиени сета. Шеснаесет играчи биле поставени за носители на турнирот, базирано според нивната последна позиција на светската АТП ранг-листа непосредно пред турнирот. Победникот на овогодинешниот Вимблдон, Роџер Федерер бил прв носител, Енди Родик бил втор носител, Карлос Моја трет, а Тим Хенман бил четврти носител. Светскиот рекет број три и финалист на овогодинешниот Ролан Гарос, аргентинецот Гиљермо Корија, имал повреда на десното рамо поради што морал да се повлече од натпреварувањето, а неговото место го заземал неговиот сонародник и светски рекет број 40 - Маријано Сабалета. Играчот кој го победил Корија во финалето на Ролан Гарос 2004, светскиот рекет број пет, Гастон Гаудио ја влошил повреда на десната пета и исто така чувствувал болката во десното рамо додека играл на Мастерсот во Синсинати по што станал вториот аргентински топ-10 играч кој се повлекол од натпреварувањето. Бил заменет од неговиот сонародник светскиот рекет број 50 - Агустин Каљери. Давид Налбандијан, поставен за шести носител на турнирот, се повлекол непосредно пред неговиот почеток поради истегнување на левото бедро со што станал третиот аргентински играч што го напуштил настанот. Фредерик Нимејер го заменил во ждребот. Меѓу останатите играчи кои го откажале настапот биле и холанѓанецот Мартин Веркерк, заменет од Вејн Артурс, и Иракли Лабадзе, кој бил заменет од Владимир Волчков.

Федерер бил сметан од медиумите за голем фаворит пред турнирот. Хенман, кој играл на претходните две Олимписки игри, ги коментирал неговите шанси за победа: "Федерер влегува како фаворит на турнирот, нема сомнеж во тоа. [Енди] Родик, исто така, има свој шанси на тврда подлога. Но, јас ги победив и двајцата оваа година, па ако можам да останам здрав и да го извршам планираниот план за игра, тогаш има шанса и за мене. Ќе излажам ако кажам дека не сум сонувал да го освојам златниот медал“. Родик ја искористил својата прес-конференција пред турнирот за да изјави дека сака да освои медал на Олимписките игри и дека бил загрижен за неговиот противник во првото коло.

Прво коло Ждребот за турнирот бил извлечен на 12 август 2004 година во Атина.

Првото коло на турнирот, во кое учествувале 64 играчи, се одржало од 15 до 16 август. Во текот на првиот ден се играле натпревари од долната половина на ждребот, а фаворитите релативно добро поминале и се пласирале во следната рунда. Родик остварил победа со 6–3, 7–6 над Флавио Сарета, петтиот носител Хуан Карлос Фереро бил подобар од Хишам Арази (6-3, 6-1), осмиот носител Себастијен Грожан го совладал Луис Орна (6-2, 7-5), а деветтиот носител Марат Сафин се изборил за второто коло совладувајќи го Карол Кучера со 6-0 и 6-4. Од носителите првата препрека ја минале уште Николас Кифер (14. носител) кој го добил Владимир Волчков во два сета (6-2, 6-4) и Фернандо Гонсалес (16. носител) кој бил подобар од домашниот претставник Константинос Економидис. Најголемото изненадување на првиот натпреварувачки ден го приредил 27-мо рангираниот тенисер во светот Јиржи Новак од Чешка. Новак во два сета (6-3, 6-3) за само 68 минути го елиминирал Тим Хенман, четвртиот носител и освојувач на сребрен медал во двојки на игрите во 1996, користејќи ја неконзистентната игра со многу неприсилени грешки на британецот. Покрај за Хенман, турнирот по првиот ден завршил и за уште еден носител, 11-тиот Хуан Игнасио Чела од Аргентина, кој бил поразен од Макс Мирни со 3-6, 7-6, 6-4.

Во вториот ден е видена голема драма и многу неизвесни натпревари. На првиот носител Роџер Федерер му биле потребни три сета и речиси два часа игра да го елиминира Николај Давиденко со 6–3, 5–7, 6–1. Тој добил и официјално предупредување за злоупотреба на топчиња, кога исфрлил едно топче на покривот на централниот терен во фрустрација поради неговата игра во вториот сет. На третиот носител Карлос Моја, му биле потребни скоро три часа и вкупно пет меч топки во последните два сета за да го совлада Томас Енквист со 7-6, 6–7, 9–7. Во второто коло од горната половина на ждребот уште се пласирале Никола Масу (10. носител), кој го победил поранешниот светски рекет број 1 Густаво Куертен, Томи Робредо (15. носител) и Оливје Рокус, последниот го изненадил Марк Филипусис двократен Гренд Слем финалист. Турнирот завршил за седмиот носител Рајнер Шутлер од Германија, поразен од Игор Андреев 6-7, 7-6, 6-2, дванаесеттиот носител Парадорн Сричафан кој загубил од Јоаким Јохансон (6-2, 6-3) и тринаесеттиот носител Андреј Павел кој бил елиминиран во три сета од хрватот Иво Карловиќ.

Второ коло

Вториот круг се одиграло на 17 август. Агустин Каљери се повлекол во оваа фаза од турнирот поради напрегање на левиот абдомен, давајќи му на неговиот противник Игор Андреев без борба да се пласира во третото коло. Светскиот рекет број 49 Марди Фиш се вратил од сет и брејк-топка негатива за да оствари победа од 4–6, 7–6(7-5), 6–4 над поранешниот светски рекет број еден Хуан Карлос Фереро. Фиш за неговата победа рекол: "Имаше многу шпанци таму кои навиваа за него. Па затоа, кој навиваше за мене, јас ја посветувам победата нему". Друг победник во второто коло од САД дошол во лицето на Тејлор Дент, кој се опоравил од бавниот почеток за да го победи Доминик Хрбати со 7–6, 6–4.