мини|Спомен-плоча за загинатите во НОБ во селото Бразда, на која се наоѓа ѝ името на Пеце Пејковски Пеце Н. Пејковски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од селско семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство. Стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада и со неа учествувал во борбите за ликвидирање на заостанатите одметнати балистички банди на Косово. Потоа со XV македонски корпус заминал во Срем каде претходно се оспособил за фронтално војување, преку тромесечна обука. Со Шеснаесеттата бригада учествувал во пробивот на Сремскиот фронт, особено во борбите за ослободување на Славонска Пожега. Таму биле опколени големи германски и усташки единици и истите биле потполно уништени. Во таа голема и славна победа, храбро загинал во април 1945 година. Бил закопан во гробиштата на градот, за чија слобода го дал својот живот.

Поврзано

Бошко Пејковски Александар П. Пејковски Стојко С. Пејковски Блаже В. Пејковски Неделко С. Пејковски Јован Пејковски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ