Љубе Славев Петров ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Втората светска војна го затекнала на ученичка клупа. Како напреден младинец го помагал Народноослободителното движење. Во првата половина на 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ. Подоцна се приклучил кон Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во вториот баталјон. Бил учесник во сите нејзини борби против балистите и Германците во околината на својот град, како и во уличните борби за неговото ослободување. По ослободувањето на Скопје заминал во потера против балистите кај Сарај, а подоцна и кон Тетово. По напорниот марш на Бригадата и борбите при една починка, еден негов соборец не сакајќи смртно го погодил.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ