Етенраку (越天楽, буквално „музика доведена од рајот“) ― јапонска гагаку мелодија и танц. Таа е обично свирена на хичирики или рјутеки, и е придружувана со други традиционални инструменти како шо, кото и како.

Историја Потеклото на етенракуто не е целосно познато. Постојат теории дека мелодијата била создадена во Јапонија, но други веруваат дека е од хотанска, вазална држава на династијата Танг, која станала дел од репертоарот на кинескиот двор.

За време на периодот на Хејан, познат е обликот на гагаку позната како имајо (今様, буквално современ стил) . Во овој облик, песните би се пееле со употреба на мелодии. Етенракуто било една од најпопуларните мелодии што биле користени во имајото.

Во 1931 година Хидемаро Коноје организирал оркестарска верзија на делото, а подоцна било земено од Леополд Стоковски.

Овие денови, етенраку често се изведува на свадбени церемонии.Malm, William P. (2000).

Мелодија Постојат различни верзии на етенраку во три од режимите на гагаку - хјоџо, ошики и баншикичо. Се претпоставува дека баншикичо верзијата е најстарата од мелодиите, но хјоџо верзијата е најпозната во Јапонија.

Наводи

Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Јапонска музика