Саве Серафимовски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од планинско пасивно село. Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство. Подоцна cтaнaл рудар во Радуша. Бил активен соработник на Шарпланинскиот партизански одред, од летото 1943 година. Организирал собирање на храна и други материјали за одредот. Бугарскиот фашистички окупатор бил бесен, што на Шар Планина никнал нов партизански одред. Поради тоа извршил масовно затворање на активисти од тетовските села. Во таа априлска рација го затвориле ѝ него. Веднаш потоа го стрелале заедно со други родољубци од селото.
Поврзано Стрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:
Трипун Димитровски Среќко Богоевски Петар Богоевски Трајан Милошевски Атанас Крстевски Трајан Блажевски Среќко Богоевски Коце Трпчевски
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ