Нанајците ― тунгуски народ од Источна Азија и на рускиот Далечен Исток, кои традиционално живееле покрај Хејлунѓанг (Амур), Сонгуаѓанг (Сунгари) и реката Усури на средноамурскиот слив. Предците на Нанајците биле Јурченците од најсеверната Манџурија (Надворешна Манџурија).
Нанајскиот/Хежескиот јазик припаѓа на манџурско-тунгуските јазици. Според пописот во 2010 година во Русија имало 12.003 Нанајци.
Име лево|мини|200x200пкс| Нанајско семејсто, амурски регион. Заедничките имиња за овој народ вклучуваат нанај (што значи „домородци, месни жители, луѓе на земјата“); самоознаката Хежен (значи „луѓе од истокот/ориентот“); нанајци; ; хежезу. Постојат и поими што порано биле користени: Голдци (Голдс), Голдесци (Голдес), Голди, Хеџесци (Хеџе) и Самагирци (Самагир).
Сопствените имиња се килен (нанјо и набеј) и хеџен (нанај). на значи „земја“ или, во овој контекст, „домороден, месен“ и нјо, беј, нај значи „народ“ на различни дијалекти.
Рускиот лингвист Л. И. Сем го дава самодаденото име хеџен во кириличен облик, хэǯэ най (Хеџе нај) или хэǯэны (Хеџени) и го објаснува како самодадено име на Нанајците од долниот Амур, што значи „луѓе кои живеат долж долниот тек на реката“.Сем Л. И. (L. I. Sem) "Нанайский язык" (Nanai language), in "Языки мира. Монгольские языки. Тунгусо-маньчжурские языки. Японский язык. Корейский язык" (Languages of the World: Mongolic languages; Tunguso-Manchurian languages; Japanese language; Korean language). Moscow, Indrik Publishers, 1997. . Page 174. L.I. Sem gives the self name in Cyrillic, as хэǯэ най or хэǯэны Тоа е изворот на кинеското име за (Хејџин), (Хежехала), како и современото кинеско име (Хеже).
Современо население
Русија Во Русија, Нанајците живеат до Охотското Море, на реката Амур, низводно од Хабаровск, од двете страни на Комсомолск на Амур, како и на бреговите на реките Усури и Гирин (Самагирс). Русите порано ги нарекувале Голди, според името на еден нанајски клан. Според пописот во 2002 година, во Русија имало 12.160 Нанајци.
Во Советскиот Сојуз, напишан стандард на нанајскиот јазик (заснован на кирилица) бил создаден од Валентин Аврорин и други. И денес се учи во 13 училишта во Хабаровск.
Кина Нанајците се едни од 56-те народносни групи службено признати од НР Кина каде се познати како „Хежејци“ ( Хеже зу). Според пописот од 2004 година, тие во Кина броеле 4.640 (претежно во покраината Хејлунѓанг). Кинеските Нанајци го зборуваат хежејскиот дијалект на нанајскиот. Тие исто така имаат богата усна книжевност позната како Јимакан. Дијалектот нема пишан систем во Кина и Нанајскиот обично е пишуван на кинеско писмо. (Писменост на втор јазик е 84%.) Меѓутоа, од 2005 година, наставниците неодамна завршиле со составувањето на веројатно првиот учебник по хеженски јазик.
По покраина Кинескиот попис во 2000 година запишал 4,640 Нанајци во Кина.
Покраинска распространетост на Нанајците
Покраина Нанајско население % од вкупниот број Хејлунѓјанг 3.910 84,27% Џилин 190 4,09% Пекинг 84 1,81% Лјаонинг 82 1,77% Внатрешна Монголија 54 1,16% Хебеј 46 0,99% Други 274 5,91%
Галерија
Наводи
Етнологија на Нанајците Белешки за Нанајците Нанајците Доминик Циглер, „Black Dragon River: A Journey Down the Amur River Between Russia and China“. Њујорк: Penguin Books, 2015 година.
Надворешни врски
Нанајскиот народен менталитет и светски модел од Татјана Сем https://www.imdb.com/title/tt0071411/ „Дерсу Узала“ филм на Акира Куросава за Голди (Нанајци) и офицер во руската војска.
Категорија:Хабаровски крај Категорија:Манџурија Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Тунгузи Категорија:Народи во Кина Категорија:Народи во Русија Категорија:Народи во Сибир