Најдо Стојанов Стојановски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, што била во состав на Четириесет и втората македонска ударна дивизија. Учествувал во ослободувањето на уште неослободените краишта на Југославија, како и во пробивот на Сремскиот фронт кај Шид, Товарник и Винковци. Загинал на 16 април 1945 година, во борбата кај Врпоље. Бил закопан на борбената позиција.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ