Коце Трпчевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Завршил основно училиште. Со оглед на тоа што имал неплодна земја, заминал на печалба. Крстосувал во разни краишта на земјата, во потрага за корка леб. Летото 1944 година, учествувал во подготовките за борба против бугарскиот фашистички окупатор. Во таа насока активно настојувал да ја прошири базата на партизаните во неговото село. Бил неуморен во свикување состаноци со селаните, жените и младинците, како ѝ еден од организаторите за редовно носење храна и други материјали за одредот. Станал член на првиот Народноослободителен одбор во селото. Во април 1944 година, бил провален и затворен од бугарскиот фашистички окупатор, а потоа близу селото бил и убиен од страна на бугарскиот окупатор.
Поврзано Стрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:
Трипун Димитровски Петар Богоевски Трајко Кочовски Трајан Милошевски Среќко Богоевски Саве Серафимовски Милан Стаматовски
Наводи
Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ