Горногермански јазици или горногермански наречјаОва не треба да се помеша со горногерманските дијалекти (Oberdeutsch), кои се подгрупа на овие наречја. () — група наречја на германскиот јазик кои се говорат јужно од Бенратската и Ирдингенската изоглоса во средна и јужна Германија, Австрија, Лихтенштајн, Швајцарија, Луксембург и источна Белгија, како и соседните делови од Франција (Елзас и северна Лотарингија), Италија (Јужен Тирол), Чешка (Бохемија) и Полска (Горна Шлеска). Застапени се и во дијаспората во Романија, Русија, САД, Бразил, Аргентина, Мексико, Чиле и Намибија.
Групата ја одликува горногерманското поместување на согласките, што ја дели од долногерманската (долносаксонска) и долнофранконската (вклучувајќи го холандскиот) во склоп на континенталниот западногермански дијалектен континуум.
Класификација 360п|мини|десно| Денешната распределеност на континенталните горногермански јазици: Како стручен поим, „горно-“ потекнува од наречјата во попланинските делови на Германија, од кои произлегле литературниот (стандарден) германски, јидиш и луксембуршкиот. Се однесува на Германското Средногорје и алпските подрачја на средна и јужна Германија; тука влегуваат и Луксембург, Австрија, Лихтенштајн и најголемиот дел од Швајцарија. Наспроти ова имаме долногермански говори, кои се зборуваат во низинските краишта и долж рамните крајбрежја на Северногерманската Низина.
Горногерманските јазици во оваа поширока смисла можат да се поделат на горногермански дијалекти (Oberdeutsch, каде спаѓаат австриските и швајцарските дијалекти), средногерманските (каде влегува луксембуршкиот, кој самиот денес е литературен) и горнофранконскиот, кој е преоден.Russ, Charles. The Dialects of Modern German: A Linguistic Survey. Routledge, 1989
Се разликуваат од другите западногермански јазици по тоа што има го имаат претрпено горногерманското поместување на согласките oколу 500 г. Еве споредба:Robinson, Orrin. Old English and its Closest Relatives. Routledge, 1994. Македонски Долнгоермански Горногермански Поместување тава Pann Pfanne од во два twee zwei од во прави maken machen од во Кај најјужните горноалемански дијалекти се случило уште поголемо поместување; Sack се изговара (од во ).
Историја Старогорногерманскиот настанал околу 500 г. Околу 1200 г. швапските и источнофранконските дијалекти на средногорногерманскиот се наметнале како дворски и поетски јазици под власта на дијастијата Хоенштауфен.
Поимот „горногермански“ во средна и јужна Германија (Горна Саксонија, Франконија, Швабија, Баварија) и Австрија првпат е засведочен во XV век. Постепено истиснувајќи ги долногерманските наречја почнувајќи од раниот нов век, раноновогорногермански наречја, особено источносредногерманските на Лутеровата Библија ги удриле темелите за создавањето на литературниот германски.Russ, Charles. The German Language Today: A Linguistic Introduction. Routledge, 1994.
Семејство Поделбата на потсемејства и групи на германските говори не е јасно определена, бидејќи највеќето се прелеваат еден во друг, при што соседните се меѓусебно разбирливи, а одделените не се. Покрај ова, никогаш не постоел „прагорногермански јазик“. Од овие и други причини, замислата да се претстават западногерманските јазични облици во дрво е доста спорна меѓу јазичарите. Следнава класификација треба да ја има предвид таа поставеност на нештата. средногермански дијалекти источносредногермански, вкл. литературниот германски тириншки горносаксонски, вкл. рудноплаински јужномарковски лужички шлески (денес застапен меѓу германското малцинство во Горна Шлеска, Полска) горнопруски (речиси изумрен) западносредногермански дијалекти среднофранконски рипуарски мозелофранконски дијалекти, вкл. лумсекбуршкиот риограндски хунсрички (од хунсричкиот дијалект) рајнскофранконски фалечки, вкл. лотариншкофранконски (Франција) пенсилвански (во САД и КАнада) хесенски горнофранконски, во преодното подрачје помеѓу средногерманскиот и горногерманскиот источнофранконски јужнофранконски горногермански дијалекти (Oberdeutsch) алемански во поширока смисла или западногорногермански, вклучувајќи ги швајцарските дијалекти швапски долноалемански, including алзашкиот/елзаски и базелскиот горноалемански највисокоалемански баварски or источногорногермански (Ostoberdeutsch), вкл. австриските дијалекти севернобаварски среднобаварски, вкл. виенски јужнобаварски, вкл. мокенски во Трентино, Италија цимбриски (речиси изумрен) хутерски (во Канада и САД) јидиш — се развил од средногорногерманскиот лангобардски — изумрен, спорна категоризација
Поврзано Западногермански јазици
Наводи
Категорија:Германски дијалекти Категорија:Западногермански јазици