мини|Летната резиденција на кралот Никола Краличина плажа — плажа која се наоѓа во близина на Милочер, веднаш до Милочерската односно Кралската плажа. ОдСвети Стефан е оддалечена околу 500 метри. Се смета за една од најубавите плажи, не само во Црна Гора, туку и на целиот Медитеран. Тоа е мала плажа, долга околу 200 метри. Во внатрешноста на плажата има летна резиденција на кралот Никола, опкружена со густа борова шума, чемпрес и маслинови градини.

Името на плажата Оваа плажа го добила своето име во време кога била омилена плажа на српската кралица Марија Караѓорѓевиќ. Веднаш до Краличината е Кралската плажа, односно Милочерската плажа, каде што се наоѓа некогашна летна куќа на династијата Караѓорѓевиќ, денес попозната како „Вила Милочер“.

Опис на плажата Прочуената Краличина плажа се наоѓа во близина на Милочер, во непосредна близина на Свети Стефан. Свртена е кон отворено море, а во внатрешноста на плажата има шума во која доминираат густи чемпреси и маслинки. Плажата е грагоровита, долга помалку од 200 метри и се наоѓа во морски залив. Морето го извајало дното на брегот, така што морето има специфична боја и дава смарагднозелен и синкав тон на водата, во која ја одразува бујната средоземна вегетација од двете страни на плажата.

Историја на плажата До плажата е летната резиденција на кралот Никола, а помеѓу двете светски војни во Милочер била летната резиденција на Караѓорѓевиќ. Оваа плажа била омилена на српската кралица Марија Караѓорѓевиќ. Тогаш, и спилата недалеку од плажата, опкружена со шума од чемпреси, била наречена „Краличина столица“, бидејќи на врвот од неа била поставена столица за уживање и одмор на кралицата. Од ова место има поглед кон Стариот град Будва, островот Свети Никола и полуостровот Свети Стефан.Ова е еден од најубавите видиковци на Будванската ривиера.

Самиот летниковец на Караѓорѓевиќи, денес „Вила Милочер“, бил изграден во 1934 година. Се наоѓа на 32 хектари, опкружен од три страни со борови шуми и маслинови насади со повеќе од 800 стебла. Опкружен е со парк со површина од 18 ха. Во паркот има голем број на ретки видови растенија кои биле донесени од целиот свет само за овој парк, така што Кралската плажата е вистинска природна изложба. Меѓу многуте егзотични видови дрвја се либанскиот кедар, тропската мимоза, јапонската мушмула, кактусите, агавата и многу други.

Веќе во средината на 20 век плажата го добила епитетот „престижна“, а денес е омилена плажа на светскиот џет-сет. Некогаш била избрана да биде место на официјалната свадбена церемонија на популарниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.

Контроверзии околу сопственоста на плажата Како ексклузивни туристички дестинации, плажите околу Милочер и Свети Стефан се многу привлечни за многу инвеститори, но тоа им спречува слободен пристап на локалните жители, нивните гости и туристите кои не летуваат во изнајмени објекти, до плажите и околните паркови. Црногорската јавност е незадоволна од фактот што оваа плажа повеќе не е отворена за сите гости, па денес го носи епитетот „недопирлива“. Плажата е дел од комплексот што со години е даден под закуп на странски групации. На плажите од оваа групација, само гостите кои плаќаат многу скап закуп за лежалки и сонцебрани можат да се сончаат, а на Краличината само гости во хотелот во сопственост на сегашниот закупец. Затоа Општина Будва ја разгледува можноста за изнајмување на овие плажи, за да можат да ги користат и локалните жители.

Поврзано Будванска ривиера

Наводи

Литература

Надворешни врски

Краличина плажа

Категорија:Будванска ривиера Категорија:Плажи во Црна Гора Категорија:Туризам во Црна Гора