Патување во Арзрум (; целосен наслов: Патување во Арзрум за време на кампањата од 1829 година, «Путешествие в Арзрум во время похода 1829 года») ― патописно дело за патувањето на Александар Пушкин. Првично било напишано од Пушкин во 1829 година, делумно објавено во 1830 година, преработено во 1835 година, а потоа целосно објавено во Пушкиновото списание „Современик“ во 1836 година.

Делото ги раскажува патувањата на поетот на Кавказот, Ерменија и Арзрум (модерен Ерзурум) во денешна источна Турција во времето на Руско-турската војна (1828–29). Императорските власти никогаш не му дозволиле на Пушкин да патува во странство и му било дозволено да патува само до Тифлис (Тбилиси), денешниот главен град на Грузија и тогашната Кавкаско Наместништво. Неговото неовластено патување преку границата со Османлиското Царство, го налутило императорот Николај I, кој „се заканил дека уште еднаш ќе го ограничи Пушкин на својот имот“.

Текстот на Пушкин го оспорил, иако не го отфрлил целосно, ориенталистичкиот романтизам на неговиот претходник „Кавкаскиот заробеник“. Како резултат на тоа, делото не било популарно примено од современите читатели кои очекувле романтична епска песна за Кавказот.

„Патување во Арзрум“ подоцна било прилагодено во филм за време на советската ера. Произведено од Ленфилм и објавено на 100 годишнината од смртта на Пушкин во 1937 година, бил режиран од Мојсеј Левин, а во главна улога го глумел Дмитриј Журављов како Пушкин.Puteshestvie v Arzrum at the Internet Movie Database.

Преводи на англиски јазик

Биргита Ингемансон, . Роналд Вилкс во Николас Пастернак Слејтер во Ричард Пивер и Лариса Волохонски во

Поврзано

Ерменска област Руско освојување на Кавказот

Наводи

Надворешни врски

Текст од Патување во Арзрум на рускиот Викиизвор

Категорија:Дела на Александар Пушкин Категорија:Патописи