Манчо Тиков Димевски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнува од ситно сопственичко земјоделско семејство. Како и многу негови врсници уште од детство чувал стока и работел земјоделски работи. Тешко ја поднесувал окупацијата и честопати бил малтретиран од бугарските окупаторски власти. По ослободувањето на Кратово, на 6 септември 1944 година, тој стапил во редовите на Месната команда во Кратово, а подоцна се придружил на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Го следел борбениот пат на бригадата сè до мај 1945 година. Особено се истакнал во борбите за ослободување на Криви Камен, Длабочица, Сув Ора, Челопек и борбите околу Прешево и Гнилане. Последната борба што ја водел, била во текот на мај 1945 година крај местото Каменица, Гниланско, против остатоците од балистичките банди, во која бил тешко ранет. Бил упатен на лекување во болница во Љубљана. И покрај укажаната лекарска помош, кон крајот на мај 1945 година, тој подлегнал на здобиените рани.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ