Иса Амедов Јантревски ( во — во ) — македонски партизан, од турска националност, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Потекнува од сиромашно занаетчиско семејство. Откако го завршил основното четиригодишно училиште, го изучил налбатскиот занает во дуќанот на својот татко, каде помагал ѝ неговиот постар брат. Поголемиот дел од времето го поминувал одејќи од село до село вршејќи го занаетот. По капитулацијата на Кралство Југославија во 1941 година, бидејќи по националност бил турчин, бугарските власти го регрутирале во трудовата воена единица, каде го видел вистинското лице на окупаторот. По враќањето во Кратово се поврзал со напредните другари ѝ на 8 септември 1944 година стапил во редовите на Месна команда - Кратово, а потоа во Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Како борец во оваа бригада, земал учество во борбите за ослободување на Македонија. Потоа со бригадата дејствувале во борбите за ослободување на Гнилане, каде бил ранет. По оздравувањето земал учество во борбите на Сремскиот фронт, каде ѝ загинал на 16 април 1945 година крај Врпоље.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ