Ѓорѓи Анчев Пановски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Одраснал во сиромашно сточарско семејство. Бидејќи Луково е планинско село, немале обработлива земја ѝ единствена егзистенција им било сточарството. Во селото немало училиште, а соседните училишта биле многу оддалечени, па така Ѓорѓи останал неписмен. Кога Кратово и околината конечно биле ослободени, тој пристапил во Месната команда во Кратово, подоцна влегол во составот на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада, а потоа преминал во составот на Треттата македонска ударна бригада. Како поискусен војник, во борбите што ги водела бригадата покажувал умешност и ги подучувал помладите како да се борат и бранат. Учествувал во борбите што ги водела Треттата македонска ударна бригада. Загинал во борбите на Сремскиот фронт на 16 април 1945 година, истиот ден кога загинал и неговиот брат Дончо.

Поврзано

Дончо Пановски

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ