Основен суд Велес — суд со основна надлежност сместен во градот Велес и го опфаќа подрачјето на општините Велес, Градско и Чашка. Воедно, овој суд има и проширена надлежност за подрачјето на судот во Велес, а до 2020 година бил надлежен и за судовите во Гевгелија, Кавадарци и Неготино.

Судот во Велес ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатите општини. Основниот суд во Велес одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општините.

Историја

Основниот суд во Велес, како и останатите судови во Македонија, бил основан со Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на првите судови во Македонија на 31 март 1945 година.

Судот во Велес започнал со работа во 1945 година како Околиски суд за Титоввелешката околија. Како таков работел до 1963 година, кога бил преименуван во Општински суд Велес, а во 1995 година бил повторно преименуван во Основен суд Велес.

Внатрешна организација

Основниот суд во Велес е поделен на пет одделенија: приемно, граѓанско, прекршочно, кривично и извршно одделение.

Поврзано

Основни судови со основна надлежност во Македонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Судови во Македонија Категорија:Згради и градби во Велес Категорија:Појавено во 1945 година во Македонија