мини|Г. Смит оди во Вашингтон (постер од 1939 година) „Господинот Смит оди во Вашингтон“ (англиски: Mr. Smith Goes to Washington) — американски филм од 1939 година, во режија на Френк Капра. Главните улоги ги толкуваат: Џејмс Стјуарт, Џин Артур и Клод Рејнс. Филмот е добитник на „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио.РТС, КГосподин Смит иде у Вашингтон (пристапено на 13.4.2021)
Синопсис Џеферсон Смит (го игра Стјуарт) е наивен идеалист, инструктор на млади извидници. Во една прилика, сосема случајно, корумпираниот гувернер го предлага за сенатор при што го испраќа во Вашингтон. Таму, Смит го среќава Џозеф Пејн (го игра Рејнс), јунакот од неговото детство, кој сега е потенцијален кандидат за претседател на САД. Во Вашингтон, Смит ја открива мрачната страна на политиката и недостатоците на политичкиот процес поради што влегува во судир со својто шеф, Џим Тејлор. Тејлор најпрвин се обидува да го поткупи Смит, а откако не успева, настојува да го уништи така што го вовлекува во скандал.РТС, КГосподин Смит иде у Вашингтон (пристапено на 13.4.2021)
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Columbia Pictures Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1939 година Категорија:Филмови на Френк Капра Категорија:Филмови со Џејмс Стјуарт Категорија:Филмови со Џин Артур Категорија:Филмови со Клод Рејнс Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Вашингтон Категорија:Филмови за политичари