Бојан Талевски (1985, Скопје) — македонски виолист.
Животопис Бојан Талевски учел во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Јован Бицевски, а потоа се запишал на Факултетот за музичка уметност, каде студирал во класата на проф. Фросина Балова. Тој е вработен во оркестарот на Македонската опера и балет.Дирекција за култура и уметност - Скопје, Есенски музички свечености, Скопје, ноември 2014.
Творештво Талевски настапувал како солист со симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија, со оркестарот на Македонската опера и балет, со Камерниот гудачки оркестар на Факултетот за музичка уметност и со оркестарот на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Тој е член на „Македонскиот кларинет квинтет“ и на повеќе музички ансамбли, како и водач на групата виоли во симфонискиот оркестар на Македонското радио (Macedonian Radio Symphony Orchestra-Fames). За своите настапи (како солист и како член на камерни состави), Талевски е добитник на низа македонски и меѓународни награди.Дирекција за култура и уметност - Скопје, Есенски музички свечености, Скопје, ноември 2014.
Наводи
Категорија:Македонски виолисти Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје